19 Декември, 2025
0.0654

Ова е бизнис-планот што освои 15.000 евра од Хјундаи

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2014 12:49

Добивај вести на Viber

Дванаесет тимови се натпреваруваа викендов за титулата најдобра студентска компанија во бизнис план натпреварот „Брилијантни млади претприемачи“ (Brilliant Young Entrepreneurs) кој го организираше Економско образование на млади менаџери- Junior Achievement Македонија во соработка со Кореа Ауто Трејд, како овластени дистрибутери на Хјундаи за Македонија. Финансиската поддршка ја овозможија ЈА- YE Европа и Hyundai Motor Европа. Титулата најдобра Start-up компанија ја доби тимот SEA GAMES и ја освои наградата од 15.000 евра. Покрај паричната награда тимот ќе добие и консултантски услуги од страна на експерти соодветни за дејноста на компанијата. Дејноста на SEA GAMES е креирање на мобилни апликации (игри) за деца на македонски јазик. Апликациите ќе бидат од едукативен карактер, соодветни за различни возрасти, како и за деца со посебни потреби. Со нив преку игра на еден забавен начин, децата ќе можат да ги развиваат логичко-когнитивните способности и моторните функции. „Брилијантни млади претприемачи“ е европска иницијатива која се спроведува во 17 европски земји и има за цел да ги поттикне младите претприемачи да ги претворат своите бизнис идеи во реален бизнис. Намалувањето на невработеноста и создавањето на можности за вработување на младите луѓе се едни од клучните приоритети на оваа иницијатива. Наградата се доделува еднаш годишно на start-up компанијата која има доволен бизнис потенцијал за да ја оправда инвестицијата и одржлив бизнис план после start-up периодот. Тимовите се претставија со бизнис планови од најразлични области: софтверска платформа за мали претпријатија; мобилна апликација за туристи; закажување услуги преку мобилен телефон; мултимедијален музичко- училиштен центар; сервис за перење алишта наменет за студенти; пакување и продажба на свежи салати; едукативни игри за деца; маркетинг агенција за мали претпријатија со користење на техниката “тропни на врата”; рекламни панели кои имаат интегриран дисплеј кои реагира на допир, движење, контакт со очи и говорна команда; мобилна апликација за таблети и паметни телефони со која ќе се овозможи виртуелен 3Д приказ и презентација на производи со помош на технологијата на надополнета реалност; веб портал за самовработување, пракса и соработка помеѓу индивидуи, студенти и компании.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година