ОВА Е ТЕРОРИСТОТ БЕРАН КОЈ ПЛАНИРАЛ НАПАД НА КОНЦЕРТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ: Полицијата пронајде арсенал оружје во домот на тинејџер од Балканот, тој не се кае
Објавено во: Македонија 09 Август, 2024
Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Станува збор за Беран Алија од Тернице во Австрија, кој по потекло е од Македонија. Од полицијата велат дека тој при сослушувањето не покажал ни најмал знак на каење, и дека рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.
Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули велејќи: „Имам големи планови за иднината“. Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.
Во неговата куќа нашле мачети, ножеви, детонатори
„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот. рекоа на конференцијата.
Во куќата на 19-годишникот е пронајдено различно оружје - мачети, ножеви, потоа детонатори, кабли за палење, 21.000 евра.
„Сакаа да удрат во 20.000 луѓе со нивните автомобили“
Генералниот директор на австриската служба за јавна безбедност, Франк Руф, за австрискиот јавен сервис ОРФ изјави дека првоосомничениот, 19-годишник од Балканот, соработувал со 17-годишник роден во Австрија.
Според британски „Мирор“, двајцата осомничени кои ги уапсила австриската полиција наводно биле ангажирани како обезбедување.
Според наводниот план, еден од осомничените требало да вози автомобил во толпа од 20.000 обожаватели на Тејлор Свифт, а за време на самиот концерт да биде извршен напад со мачети и ножеви.
Сите концерти на Тејлор Свифт во Австрија се откажани, а полицијата ја продолжува истрагата.
So tickt Terrorhirn Beran A.
— KURIER (@KURIERat) August 8, 2024
In Österreich aufgewachsen und dennoch alle westlichen Werte mit Füßen getreten. Das sagen Nachbarn über den Terrorverdächtigen aus Ternitz. https://t.co/ipwjPjfBe4