ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕТО КУЌА ОД ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА: „Се откажавме кога го видовме договорот“
Објавено во: Финансии 08 Септември, 2025 13:30
„Се чинеше премногу добро за да биде вистина.“ Така двајца млади луѓе ја опишуваат програмата за куќи од 1 евро во Италија. Иако имаа идеален профил за аплицирање, решија да не се пријават во програмата и наместо тоа купија едвај вселлива куќа за 29.000 евра, во мал планински град во јужна Италија.
„Минатата година станавме многу љубопитни за куќи од 1 евро“, вели 30-годишната жена. „Мојот сопруг требаше да се пресели во Италија поради работа, и помеѓу опцијата за изнајмување стан за 500 евра месечно или купување куќа за 1 евро, ни се чинеше логично да ја избереме втората опција.“
Сепак, тие брзо открија дека, зад симболичната цена, програмата крие бројни компликации. „Секогаш имаше „но“, вели таа за Business Insider. „Читавме на форуми, гледавме стории на BBC и Business Insider. Некои купија куќи без да ги видат, само за подоцна да откријат дека се на работ на уривање. Други инвестираа стотици илјади евра во реновирања.“
Покрај тоа, секој град постави различни услови: реновирања во рок од шест години, шестмесечен услов за престој, па дури и започнување бизнис. „Документите беа само на италијански јазик, а ние не го зборуваме јазикот. Се чинеше како преголем ризик.“
Наместо куќа за 1 евро, двојката избра друга алтернатива. „Најдовме фарма од 290 квадратни метри, со еден хектар земја, за 29.000 евра. Беше речиси готова за вселување и можевме веднаш да се вселиме.“ Имотот се наоѓа во Сант’Елија а Пјанизи, мал град со само 1.000 жители, помеѓу Неапол и Рим.
Иако мал, градот пријатно ги изненади.
„Читавме дека овие места се пусти и безживотни. Всушност, тука се организираат фестивали, има училишта, продавници, па дури и библиотека. Населението се зголемува тројно во текот на летото. Нè пречекаа со раширени раце, соседите ни носат домашно сирење, калинки и зеленчук од нивните градини. Не можевме да побараме повеќе“, велат тие.
За да биде сè легално, ангажираа адвокат специјализиран за меѓународни трансакции. „Нè чинеше 6.500 евра, речиси една четвртина од вредноста на куќата, но вредеше. Тој ни помогна да ги преведеме документите и да ги поминеме сите правни чекори, намалувајќи ги ризиците. Без него, ќе беше невозможно.“
Денес, тие велат дека се сигурни дека донеле правилна одлука. „Веруваме дека програмата за куќи од 1 евро може да биде добра за некои, ако се свесни за сите обврски. За нас, оваа опција беше побезбедна. Пристигнавме во жива заедница и имаме куќа што можеме да ја реновираме со наше темпо.“
Во моментов, Сант'Елија сè уште има неколку куќи што се нудат за 1 евро.
Блиц.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување





