19 Декември, 2025
0.0556

ОВА СЕ ЧЕКАШЕ: Сега имате можност да инвестирате на финансиските пазари на Балканот!

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2014 08:51

Добивај вести на Viber

Се чини дека со преземените мерки за надминување на кризата, балканските држави се на добар пат кон посветла иднина. Фондот „КД Нова ЕУ“ преку внимателниот избор на вложувањата може да претставува бонус во портфолиото на секој вложувач и да му донесе солиден принос. Дали „КД Нова ЕУ“ е Вашата приказна? Акциските инвестициски фондови своите вложувања ги распределуваат во акции од различни компании кои котираат на официјални берзи, согласно определени однапред зададени критериуми. Изборот на вложувањата кои го карактеризираат конкретниот акциски фонд, во однос на нивната насоченост кон одредени географски региони или индустриски сектори, е опишан во инвестициската политика објавена во неговиот Проспект. Самиот пак назив на фондот претставува асоцијација на предвидената инвестициска политика, со цел на потенцијалните заинтересирани вложувачи да им се даде претстава за каков тип на вложување станува збор. Лична карта Називот КД Нова ЕУ говори за политика на инвестирање позиционирана кон држави од регионот на Балканот и Југоисточна Европа кои се нови членки или со статус на кандидати за членство во Европската Унија. КД Нова ЕУ е фонд кој вложува примарно во акции на компании и удели во јавно тргувани фондови на издавачи од Словенија, Македонија, Србија, Хрватска, Австрија, Бугарија и Турција. Делот од портфолиото кој отпаѓа на депозити е вложен во домашни македонски банки. Кон посакуваниот раст на вредноста на имотот на фондот и оплодување на вложените средства се пристапува преку активна потрага по интересните приказни од регионот кои во себе содржат потенцијал за подолгорочен период. Во однос на деталната анализа на пазарот, КД Групацијата одлично ги покрива Балканот и поширокиот регион на Југоисточна Европа, вклучително и преку активности за редовна посета на клучните регионални компании. Професионалниот пристап и иновации се оценети и од страна на независната ревија „Moje finance“ која ги прогласи KD Skladi за најдобро друштво за управување во Словенија за 2013 година, а управуваниот од нив KD Balkan за најдобар акциски фонд ориентиран кон балканскиот регион за последните 5 години. Остварени резултати и поглед кон иднината Доскорешната финансиска и економска криза тешко ги погоди балканските држави. Опоравувањето кое во последниве години го видовме речиси секаде во светот, во нашиот регион сеуште нема настапено. Сепак, се чини дека со преземените мерки за надминување на кризата, балканските држави се на добар пат кон посветла иднина. Ние веруваме дека фондот КД Нова ЕУ преку внимателниот избор на вложувањата може да претставува бонус во портфолиото на секој вложувач и да му донесе солиден принос. Остварениот принос во последните 20 месеци, изразен преку раст во цената на уделот, изнесува над 20%, што претставува интересна алтернатива за подолгорочен период, во ситуација кога каматите на штедните депозити во домашните банки бележат постојан пад.  Можности за вложување Намалувањето на влезните провизии за еднократните уплати и овозможувањето на креирање на долгорочен вложувачки план целосно ослободен од влезни трошоци, кои се актуелни по усвојувањето на последните измени на Проспектот, претставуваат мотив плус за земањето предвид на КД Нова ЕУ при носењето одлука за идните вложувања. Во моментот над 40% од портфолиото отпаѓаат на акции од словенечки издавачи. Акцентот е поставен на стабилни компании кои остваруваат добри бизнис резултати, ги наградуваат своите сопственици со поделба на дивиденда, но пред сè претставуваат и потенцијална цел за преземање од страна на странски инвеститор. Деталната структура на вложувањата на фондот се објавува на квартална основа на интернет страната на КД Фондови АД Скопје.         Нашата визија е да станеме водечко Друштво за управување во Република Македонија, кое на вложувачите им нуди производи, прилагодени на нивната возраст и животен стил. Дали КД Нова ЕУ е Вашата приказна?  

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство