17 Декември, 2025
0.0524

ОВА СЕ КЛУЧНИТЕ УСЛОВИ: Лавров кажа како до мир во Украина

Објавено во: Свет 24 Август, 2025 18:24

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните гаранции, при што Путин потсетил на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година.

На тие на разговори на маса било ставено прашањето за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, со учество на други држави. Лавров сега прецизираше дека, покрај членките на Советот за безбедност, оваа група гаранти би можела да ги вклучи и Германија и Турција.

Според Лавров, моделот е јасен - „гарантите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да остане ненуклерана, да биде неутрална и не смее да биде поврзана со никаков воен блок“.

Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва бара и заштита на правото на употреба на рускиот јазик, како отворање разгорои за територијални прашања.

Руски официјални претставници и досега повеќепати кажуваа дека Москва од Киев да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за НАТО, Украина да остане неутрална и да не се дозволи присуство на западни трупи на нејзина територија.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави