Оваа земја го намалува производството на нафта - претседателот во посета на ОПЕК
Објавено во: Свет 27 Декември, 2016
Еден од најголемите производители на нафта, Венецуела ја намалува екстракцијата на суровини со 95 000 барели на ден, пренесува Ројтерс.
Со овој чекор се цели кон намалување на глобалното производство на нафта и стабилизирање на цените.
Венецуела е меѓу земјите кои настрадаа најсилно од падот на цените на нафтата од средината на 2014 година. Во моментов во јужноамериканската земја се добиваат по 2,4 милиони барели од „црното злато" на ден.
Социјалистичкиот претседател, Ноколас Мадуро има намера да ги посети во следните недели голем број земји - производители на нафта, за да го рекламира склучениот договор од ноември за намалување на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).