Добивај вести на Viber
Прогласен е за лидер на радикалната Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), која во себе интегрира неколку вооружени групи, и лидер на ирачката Ал-Каеда.
Абу Бакр ал-Багдади се смета за најсериозен кандидат за наследник на Осама бин Ладен. За фаќање на бруталниот и мистериозен предводник на едно од најрадикалните движења на Блискиот Исток веќе е распишана награда од 10 милиони долари, но од него постојат само две фотографии.
И покрај неговото „воено“ име ал-Багдади, тој сепак не е роден во Багдад, туку во северниот ирачки град Самара. Познат како амбициозен и насилен, Багдади се смета дека е релативно непознат и меѓу сопствените приврзаници, кои се проценува дека вклучуваат околу 7.000 радикални исламисти.
Според одредени информации, Багдади не е човек што како Бин Ладен би испраќал отворени заканувачки видео пораки. Тој носи маска дури и кога им се обраќа на своите команданти, со што го добил прекарот „невидливиот шеик“.
Од она што се знае од неговата биографија е дека е роден во 1971 година во Самара и има докторат од областа на образовните науки од Универзитетот во Багдад. Има спротивставени верзии како завршил во џихад. Едната од нив тврди дека тој бил милитантен џихадист уште во времето на Садам Хусеин. Други пак тврдат дека корените за неговата радикализација започнуваат откако во 2003, по инвазијата на САД во Ирак, и приспатил на Ал Каеда и најпрвин бил вклучен во илегално внесување на сртански борци во Ирак.
Аналитичарите денеска коментираат дали по успехот на ИСИЛ во Ирак, Багдади всушност го засени актуелниот лидер на централата на Ал Каеда Завахири и би можел наскоро да го замени на челната позиција на најмоќната терористичка организација.
Нема никаква мистерија што сака Багдади. ТЅој верува дека сите Муслимани на светот треба да живеат во една исламистичка држава во која ќе владее шеријатското правов, а прв чекор кон тоа е формирање на заеднички калифат меѓу Сирија и Ирак.