02 Јануари, 2025
0.1095

ОЗНАЧЕН СТАРТОТ НА Е.GO. MOBILE, ПРВАТА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА: Владата го потпиша договорот

Објавено во: Економија 13 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO.


Во говорот, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со овој настан започнува нова инвестициска приказна, мултимилионски проект, на германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО.МОБИЛЕ СЕ“.

Прво Република Северна Македонија, беше пред 21 година, т.е Република Македонија во тоа време, којашто имаше голем предизвик, каде што тука во тоа време имаше голем број на политичари и дипломати, коишто нас ни помагаа да изградиме општество еднакво за сите, и општество во коешто секој ќе може државата да ја гледа како поле за личен и професионален развој. За точно 21 година после тоа, повторно сме собрани сите тука и повторно имаме странци. Меѓутоа тие странци, со коишто разговаравме во изминативе три месеци, се од Германија, професионалци менаџери, коишто заедно со наши граѓани тука во Северна Македонија, и успешни бизнисмени и инвеститори, ја отвораме првата фабрика за електрични автомобили во државата, и во регионот.

Денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места.

Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба.Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас. И ова е навистина голема работа.

Оваа инвестиција ми е лично посебно драга. Не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата. Затоа што ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Меѓутоа ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата, бидејќи ќе направат нови потреби коишто ќе бидат неопходни.

Електричниот автомобил „е-Go“ кој ќе се произведува овде во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови. Ова меѓу другото е нашиот влог за идните генерации. Сакам уште еднаш на крајот да им честитам на семејството Дестани, и на компанијата e.GO од Германија, на целиот менаџерски тим којшто денеска е тука присутен со нас, и што побрзо и поуспешно да ги завршат градежните работи за производство на фабриката, и првите автомобили веќе да може да ги возиме и кај нас и на странските автопатишта во предвидените рокови коишто ги имаат зададено“, реќе Ковачевски во неговиот говор. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува