Генерали Инвестментс: Пад на акциите на Apple пред промоцијата на новиот iPhone?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2023
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
Мала корекција по силните економски податоци од САД
Растот на берзанските индекси во втората половина на август беше резултат на податоците кои укажуваа на мало заладување на економската активност и пред се на пазарот на трудот. Ова требаше да ги олади политиките за зголемување на каматните стапки на централните банки, особено на ФЕД и ЕЦБ. Но, минатата недела динамиката на берзите беше токму спротивна. Најновите економски податоци од САД беа подобри од очекуваните, што предизвика мала корекција на акциите, кои станаа многу чувствителни на шпекулациите за идната политика на каматни стапки. Сепак, немаше големи движења. Постепеното олеснување на инфлацијата и мекото придвижување на американската економија остануваат главните сценарија, исто така според американскиот министер за финансии и поранешна гувернерка на ФЕД Џенет Јелен. Берзанските индекси на развиените пазари продолжуваат да се држат блиску до рекордните височини. Дека економската клима во САД е подобрена говори и интересната анализа на агенцијата FactSheet, која ја испитува евиденцијата од прес-конференциите на компаниите кога се објавуваат кварталните резултати. За време на неодамна завршената сезона на објави, 62 компании го спомнаа терминот „рецесија“, што е речиси половина од бројот од претходниот квартал, кога 113 компании од S&P 500 барем еднаш го употребија застрашувачкиот збор.
Забрана за користење на iPhone во Кина
Компанијата со најголем сооднос на американските берзански индекси, Apple, придонесе за лизгањето на индексите минатата недела. Со текот на годините, се навикнавме на раст на цената на акциите на Apple пред долгоочекуваното претставување на новите iPhone-и, но овој пат тоа не се случи. Главната причина беше сознанието дека кинеската Комунистичка партија ќе им забрани на своите владини службеници, а според некои извештаи и на вработените во сите државни претпријатија, да користат iPhone. Исто така, инвеститорите не беа импресионирани од наводните нови цени на моделите iPhone 15Pro и iPhone 15Pro Max, за кои се вели дека се значително повисоки. Минатата недела акциите на Apple паднаа за нешто помалку од 6%.
Се чекаат податоци за инфлацијата и состанокот на ФЕД
Денес (13.09.2023) во САД ќе бидат објавени официјалните податоци за августовската инфлација. Економистите предвидуваат скок на општата инфлација, која треба да се зголеми од 3,2% во јули на 3,6%. На месечна основа, цените се очекува да пораснат за 0,6%, што би значело најголем скок од јуни 2022 година. Заживувањето на општата инфлација во САД се должи на значително повисоките цени на енергетските производи, предводени од нафтата и нејзините деривати. Од друга страна, базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните компоненти како што се енергијата и храната, продолжува да се намалува. Со заседавањето на американската централна банка следната недела, секое изненадување може значително да ги потресе картите на пазарите кои сметаат на ФЕД да ги задржи клучните каматни стапки на сегашното ниво. Затоа инвеститорите остануваат на прсти, а на берзите гледаме намалување на активноста и помал промет.
Европската економија на работ на стагфлација
Минатата недела Евростат ги ревидираше податоците за економскиот раст во еврозоната за вториот квартал. Растот на БДП беше само 0,1% (според првичните податоци 0,3%), што значи дека европската економија е на работ на стагфлација. Полошата состојба на европската економија во однос на американската се одразува и на вредноста на еврото, кое осма седмица по ред губи и се лизна на 1,07 американски долари. Пониската вредност на еврото навистина е грозница за европските извозници, но од друга страна значи уште поскап увоз на клучни суровини за стопанството, особено енергетски производи. Тие, особено течниот гас, поскапуваат во последните недели и поради најавените штрајкови на некои големи добавувачи, особено во Австралија.
Бараните приноси на обврзниците блиску до локалните максимумиБидејќи пазарите полека ги прифаќаат најавите на централните банки дека сè уште не се очекува пресврт во политиката на каматни стапки толку брзо, бараните приноси на најследените државни обврзници во последните недели повторно се приближија до највисоките нивоа од 2008 година. Со подобрените економски прогнози во САД, особено е изразен растот на бараните приноси на обврзниците со подолг рок на доспевање. Кривата на принос на 2 и 10 годишните државни обврзници на САД останува инвертна, но помалку изразена од претходните месеци. Бараниот принос на американската 10-годишна државна обврзница на крајот од минатата недела беше 4,25%, а на германската обврзница 2,61%.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Каматната политика на централните банки останува главен фактор на пазарите на капитал. Инфлацијата се смирува, но централните банки сеуште не се задоволни од нивото на инфлација, така што во игра остануваат натамошните згол емувања на каматните стапки. Пазарот на труд останува силен, а глобалната економија останува на територијата на раст. Мекото приземјување сега стана основно сценарио. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт на каматната политика во 2024 што следствено претставува ризик за пазарите. Глобалните и американските технолошки акции се скапи и ова е главната причина зошто остануваме внимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Глобалното диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, го нуди најдобриот одговор на зголемените вреднувања од една страна и забавувањето на глобалната економија од друга страна. Здравствениот сектор е поволно вреднуван, а во исто време се појавуваат некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелината. Американските акции во моментот изгледаат ранливи поради поголемиот дел на технолошките акции и минатиот раст, така што во овој момент има смисла да се префрли некој денар од профитот од технологијата или американските акции на други, помалку ризични инвестиции. Но, во случај на можна корекција на девизните курсеви, тука ќе се појави можност за купување, бидејќи основната можност останува непроменета поради развојот на технологијата и вештачката интелигенција. Поради очекувањата за нов стимулативен пакет од кинеските власти, се зголемува и можноста за шпекулативен скок на цените на кинеските акции. Затоа, остануваме шпекулативно наклонети кон кинеските акции. За инвеститорите кои сакаат да ризикуваат повеќе, ова може да биде моментот да додадат некои кинески инвестиции во портфолиото, особено преку фондот Генерали БРИК. Но, бидете внимателни, тежината не треба да надминува 10% од портфолиото, бидејќи тоа е натпросечно ризичен пазар.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.