05 Декември, 2024
0.0296

Пад на странските инвестиции во регионот

Објавено во: Свет 17 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Економската криза и континуираната политичка нестабилност се причини што странските директни инвеститори буквално бегаат од Западен Балкан, на што укажуваат овогодинешниот извештај за странски директни инвестиции во земјите од регионот, пренесе турската агенција Анадолија.

Во истражувањето кое го спроведе оваа агенција, најлоша е ситуацијата во Босна и Херцеговина, каде, според податоците на Централна банка, во првите девет месеци од годинава се остварени 56,7 милиони конвертибилни марки странски инвестиции, што е околу 29 милиони евра.

Станува збор, за како што се наведува, драматичен пад на странските инвестиции во земјата.

Приливот на странски инвестиции во 2011 изнесувал околу 289 милиони евра, односно 2,2 отсто од БДП, што е повеќе отколку во 2010 година, кога е регистриран прилив од 220 милиони конвертибилни марки. Најмногу пари тогаш пристигнале од Русија, околу 64 милиони евра, Австрија со 54 милиони евра и Србија околу 48 милиони евра.

Професорот од Економскиот факултет во Сараево, Вјекослав Домљан укажува дека СВОТ анализата на економските земји од регионот, а посебно во БиХ, покажува дека економски гледано, постои поголема слабост отколку предност и повеќе закани, отколку прилики.

Според него, шансите за регионот исто така се лоши и дека има малку изгледи дека на овие простори ќе дојдат моќни светски компании.

Во Словенија во првите осум месеци од годинава вложени се 180 милиони евра, што е двојно помалку од минатогодишните 350 милиони евра за истиот период..

Релативни стабилна е Црна Гора, чии странски директни инвестиции ги надминале оние во Хрватска, при што за првите половина година во Црна Гора се вложени 176 милиони евра.

Од друга страна, во првото полугодие на 2012 година, Хрватска имала 154,4 милиони евра странски директни инвестиции во првата половина од годината.

Во првите седум месеци од 2012 година нето вложувањата во Србија изнесувале 105 милиони евра.

Во однос на Косово, Анадолија наведува дека според податоците на Централната банка на Косово, од 2000 година па се до првото тримесчје на 2012 година, странските вложувања на Косово достигнуваат износ од околу 2,4 милијарди евра.

Анадолија ја пренесува изјавата на македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески, според кого, странските директни инвестиции во Македонија од 2007 до 2015 година достигнале 1,55 милијарди евра.

Според последниот извештај на Светската банка за регионот на Југоисточна Европа, просекот на странски директни инвестиции по глава на жител е 285 долари.

Според тој показател, странските директни инвестиции по жител во Србија изнесуваат 341, во Косово 284, во Албанија 232, во Македонија 199 и БиХ 77 долари по глава на жител.

Странските директни инвестиции во ЕУ се удвоиле во однос на 2010 година, кога е забележан драстичен пад.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСКОРО ВО УПОТРЕБА ВАКЦИНА ПРОТИВ СИДА: 100 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции со ХИВ

НАСКОРО ВО УПОТРЕБА ВАКЦИНА ПРОТИВ СИДА: 100 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции со ХИВ

ОПАСЕН УЛТИМАТУМ: Хамас најавува „неутрализација“ на заложниците

ОПАСЕН УЛТИМАТУМ: Хамас најавува „неутрализација“ на заложниците

ШОЛЦ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ: Да најдат работа или да се вратат дома

ШОЛЦ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ: Да најдат работа или да се вратат дома

УБИЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ОСИГИРУТЕЛНА КОМПАНИЈА СРЕДЕ МЕНХЕТЕН: Бил застрелан директно во градите пред хотелот Хилтон во Њујорк

УБИЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ОСИГИРУТЕЛНА КОМПАНИЈА СРЕДЕ МЕНХЕТЕН: Бил застрелан директно во градите пред хотелот Хилтон во Њујорк

(ВИДЕО) ЈУЖНА КОРЕЈА: Политичарка му ја грабна пушката на војник пред Собранието

(ВИДЕО) ЈУЖНА КОРЕЈА: Политичарка му ја грабна пушката на војник пред Собранието

ЧЕТИРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ГРУЗИЈА: Што може да се случи до крајот на декември?

ЧЕТИРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ГРУЗИЈА: Што може да се случи до крајот на декември?

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

ОД РУСКИ БРОД ПУКАЛЕ ВО ГЕРМАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР! Хаос во Балтичкото Море, итно се огласи Бербок!

ОД РУСКИ БРОД ПУКАЛЕ ВО ГЕРМАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР! Хаос во Балтичкото Море, итно се огласи Бербок!

ТРАМП БИРА МЕЃУ ТРИ ОПЦИИ - ќе се стави ли крај на војната во Украина! Протекоа детали, сите три имаат нешто заедничко!

ТРАМП БИРА МЕЃУ ТРИ ОПЦИИ - ќе се стави ли крај на војната во Украина! Протекоа детали, сите три имаат нешто заедничко!