18 Декември, 2025
0.0770

ПАДНА БАРАЊЕ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ: Имал арогантен однос, се вели меѓу другото во барањето до владата

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 11:06

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на полицијата, денес поднесе барање за разрешување на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Како Грански независен синдикат на полицијата кој брои над 4.000 членови, во чиј состав влегува Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, како репрезентативен синдикат на ниво на Министерството, синдикат кој застана зад Министерот Цветан Трипуновски во времето кога сè уште не беше Министер, како синдикат кој вистински веруваше во зборовите кои ги кажуваше, синдикат кој го промовираше за вистинскиот човек за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во времето кога ниту еден друг синдикат немаше храброст да застане зад него, Ви се обраќаме со ова формално Барање за негово разрешување од функцијата Министер во рамки на најавената реконструкција на Владата“, се вели во барањето.

Оттаму велат дека ова барање „е резултат на длабокото разочарување од неговото постапување и односот кој тој го има не само со нас како синдикални претставници, туку и со вработените во Министерството и вработените од шумската полиција, но и со граѓаните генерално. Ова наше Барање доаѓа по игнорантскиот однос кој трае веќе една година, период во кој тој воопшто нема одговорено на ниту едно наше официјално Барање, информација или било каков допис кој ние го имаме доставено. Сметаме дека е апсолутно недозволиво еден претставник на Влада што се декларира за народна, транспарентна и принципиелна, да има ваков однос кон било кој синдикат, а најмалку кон еден репрезентативен кој претставува 1/3 од вработените. Неговиот арогантен однос за разлика од сите останати Министри во Владата со кои имаме одлична комуникација и соработка, воопшто не соодветствува со вредностите на Владата и политичката опција која тој ја претставува, ниту пак со основните принципи на демократско и транспарентно владеење. Односот во кој се изнаслушавме лаги од негова страна, а на последната изнудена средба која ја имавме на 15.05.2025 година, бевме оставени да чекаме цел еден час пред неговиот кабинет и на која воопшто не беа сослушани нашите добронамерни забелешки кои доаѓаат од вработените, на кои тој им ветуваше дека ќе бидат вклучени во сите процеси, е целосно спротивен на нашите очекувања и на очекувањата на граѓаните“.

Од синдикатот се надеваат дека претседателот на Владата сериозно ќе ја сфати состојбата и ова нивно добронамерно Барање, а најавената реконструкција на Владата ќе претставува можност за корекција на ваквите кадровски пропусти кои фрлаат сенка на сите останати избрани и именувани функционери кои искрено и чесно си ги вршат своите функции и нема да бидеме приморани револтот да го искажуваме преку прес конференции и протести кои поради поединци ќе бидат на штета на Владата во целина.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери