ПАДНА „МОЈ ДДВ“: Граѓаните реагираат, не можат да скенираат сметки
Објавено во: Економија 12 Јули, 2024
Мобилната апликација „Мој ДДВ“ од утринава не функционира. До редакцијата на „Фактор“ пристигнаа бројни поплаки од граѓаните дека не можат да скенираат сметки на апликацијата.
Кога ја отворате апликацијата самата апликација иако ви ги има зачувано податоците со кои може да се логирате, таа одново ви бара да внесете корисничко име и лозинка.
Кога ќе кликнете за да ги внесете податоците, веднаш ви го дава полето за пинОткако ќе го внесете пинот, апликацијата ве информира дека нема конекција до УЈП.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.