30 Декември, 2024
0.0294

ПАДНА ПРЕСУДА: Две години затвор за Груевски во случајот „Тенк“

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во отсуство на екс премиерот Никола Груевски Судот пресуди тој да биде прогласен за виновен во случајот „Тенк“ кој СЈО го покрена а се однесува за купувањето на луксузниот мерцедес.

Груевски доби две години затворска казна за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, додека Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување. 

Пресудата ја изрече судијката Добрила Кацарска која при изрекување на пресудата кажа дека двајцата осудени треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ја надоместат штетата настаната во овој случај. 

Груевски беше застапуван од своите бранители Сања Алексиќ,  Димитар Дангов и Боро Тасевски.

Првообвинетиот Поповски, со лисици на рацете од Истражниот затвор Скопје беше донесен во судот. Тој вчера, како поранешен помошник министер за внатрешни работи, беше осуден на девет години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот на СЈО „Триста“, за набавка на 300 возила за МВР и веднаш беше упатен во притвор, на барање на СЈО поради опасност од бегство.

За третообвинетата Гордана Јанкулоска, пред еден месец постапката беше издвоена и за неа рочиштето е закажано за 28 јуни.

Според пресудата, прочитана од судијката Кацарска, Никола Груевски извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.

Пред новиот Кривичен суд се собрани 30-тина поддржувачи на Никола Груевски, меѓу кои се и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.

Пред судот вчера беше поставена ограда .


Можеби ќе ве интересира

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти