15 Јануари, 2025
0.0303

ПАДНАА И ПРВИТЕ КАЗНИ: Еве колку ќе треба да платат трговците што сакале да се богатат на училишен прибор

Објавено во: Економија 14 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради неводење трговска евиденција.

Казнети се и двајца трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект е издадена глоба од над 452 000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105 000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76 000 денари. 

Надзорите се прават низ цела територија на Северна Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.   

Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката. Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?