Паднал договор: Задолжителното пензионирање на 64 години, од следната година, тие што продолжиле ќе работат најмногу до јуни
Објавено во: Економија 22 Април, 2021 08:10
Не стапи на сила годинава каков што беше планот, но задолжителното пензионирање на 64 години секако ќе важи од 2022 година. До 31 август годинава секој вработен во јавниот сектор може да поднесе барање за продолжување на работниот стаж, а ако поднесе, на работа може да остане најмногу до 30 јуни 2022 година. За ова договор постигнале опозицијата и власта, а од понеделник ќе се бара начин како да се вметне измената која се однесува на датумот до кој тој што ќе го продолжи работниот стаж годинава ќе може да остане на истата работа следната година. Амандмански не може затоа што можноста за амандмани е исцрпена, па најверојатно ќе биде комисиска интервенција. Инаку на измените на Законот за работни односи со кои група пратеници на СДСМ предложија во земјава да се оди во пензија задолжително на 64 години без можност да се пролонгира тоа во јавниот сектор, опозицијата поднесе околу 500 амандмани. Договор да се одблокираат овој и придружни закони кои се менуваат а се поврзани со пензионрањето постигнале впрочем и лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски на последната средба. Договорено е законот да се донесе, да важи од следната година, поднесувањето на барање за продолжување да биде до 31.08 годинава, а продолжената работа да трае до 30.06 следната година.
Власта го предложи новиот закон за работни односи во ноември, а планот беше на почетокот на годинава да стапи на сила. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани.
Предлагачите велат дека досега на вработените им беше оставена можност да продолжат работниот однос без притоа да се води сметка дали има потреба од тоа работно место или не. Вработениот доставувал барање и работодавачот морал да му го продолжи работниот однос. Најголем дел од барањата за продолжување на работен однос биле во јавниот сектор.
Инаку за задолжителното пензионирање на 64 години ќе има исклучоци и тоа во јавниот сектор за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони. Здравствените работници ќе може да се пензионираат на 67 години, но со претходно оодбрување од директорот на установата каде работи кој ќе утврди дали има потреба. Во високото образование пензионирањето исто така е предвидено на 67 години. Во областите каде имало бенефициран стаж како што е полиција, нема да може да се пролонгира пензионирањето ако се користи можноста пензионирање пред законскиот рок.
Во измените на овој закон се предвидува задолжително пензионирање на 64 години, но, сепак останува можноста жените да се пензионираат и на 62 години, како што е регулирано во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според анализите кои ги направиле предлагачите во координација со Министерството за труд и социјална политика, до крајот на 2020 година возрасната граница за пензионирање со 64 години ја достигнуваат околу 6000 лица. Но, како што појаснија, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано продолжување на работниот однос.
Александра ТомиќМожеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




