08 Октомври, 2024
0.0364

ПАЛЕСТИНЦИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ РАМАЗАН: Што претставува Ал Акса и зошто е жариште на конфликти?

Објавено во: Свет 11 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Палестинците почнаа да го одбележуваат исламскиот свет месец Рамазан.

Во пресрет на Рамазан, во неделата на 10 март избувнаа судири во Ерусалим, затоа што израелската полиција спречи стотици Палестинци да влезат во џамијата Ал Акса – третото најсвето место во исламскиот свет.

Ал Акса се наоѓа во центарот на Стариот град во Ерусалим, на ридот што муслиманите го нарекуваат Ал Харам Ал Шариф – Благородничкото светилиште.

На ова место има две свети муслимански места – куполата на карпата и џамијата Ал Акса, која е изградена во осмиот век.

Евреите го нарекуваат овој комплекс од 14 хектари – планината на храмот.

За муслиманите, Ал Акса е третото најсвето место во исламот, по Мека и Медина.

На ова место, муслиманите им оддаваат почит на голем број личности кои ги сметаат за пророци, како што се Ибрахим (Авраам), Давуд (Давид), Сулејман (Соломон), Илјас (Илија) и Иса (Исус).

Муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед бил однесен од Мека во Ал Акса, од каде што се вознел на небото во текот на една ноќ во 620 година.

Истата локација, планината на храмот, го претставува најсветото место во јудаизмот.

Евреите веруваат дека кралот Соломон го изградил првиот храм таму пред 3.000 години.

На тоа место бил изграден втор еврејски храм, кој бил уништен од Римјаните во 70 година од нашата ера.

Израел го зазеде комплексот Ал Акса во 1967 година за време на војната со своите арапски соседи и го анектираше заедно со остатокот од Источен Ерусалим и блиските делови на Западниот Брег.

Овие области во тоа време беа под контрола на Египет и Јордан, а потезите на Израел никогаш не беа меѓународно признати.

Хашемитскиот крал на Јордан е официјален чувар на муслиманските свети места и комплексот Ал Акса.

Тој назначува членови на задолжението наречено Исламски вакаф, да го надгледуваат комплексот.

Според долгогодишниот договор, немуслиманите можат да ја посетат локацијата Ал Акса, но само на муслиманите им е дозволено да се молат.

Главниот рабинат на Израел им забранува на Евреите да влезат во комплексот на планината Храмот бидејќи се смета дека е премногу свет за газење.

Според правилата на израелската влада, на христијаните и на Евреите им е дозволено да го посетуваат ова место само како туристи, и тоа само четири часа дневно, пет дена во неделата.

Евреите се молат на Западниот ѕид, под планината на храмот, за кој се верува дека е последниот сочуван остаток од Соломоновиот храм.

Во 2000 година, Ариел Шарон, тогашниот лидер на најголемата израелска опозициска партија, дојде во комплексот со група десничарски пратеници на Ликуд.

„Планината на храмот е во наши раце и ќе остане во наши раце. Тоа е најсветото место во јудаизмот и секој Евреин има право да ја посети“, рече тогаш Шарон.

Палестинците протестираа, дојде до судири со полицијата кои се претворија во Втора палестинска интифада (востание).

Тој настан е познат како Интифада Ал Акса.

За време на оваа интифада загинаа околу 3.000 Палестинци и околу 1.000 Израелци.

Во мај 2021 година, Палестинците протестираа поради иселувањето на некои семејства од населбата Шеик Џарах во Ерусалим.

Недолго потоа, демонстрантите се судрија со израелската полиција во комплексот Ал Акса.

Повредени се повеќе од 160 Палестинци и 17 полицајци.

Како одговор на полициските потези, исламистичката група Хамас истрела ракети кон Израел од Појасот Газа, предизвикувајќи конфликт кој траеше 11 дена.

Минатата година, за прв пат по три децении, се поклопија исламскиот свет месец Рамазан и тридневниот еврејски празник Пасха.

Беа забележани насилни сцени кога израелската полиција го расчисти дворот за да им дозволи на еврејските посетители да влезат во комплексот.

Полицијата тогаш објави дека некои Палестинци од комплексот фрлаат камења кон Ѕидот на плачот.

Во април 2023 година, полицијата изврши рација во џамијата Ал Акса, со образложение дека „провокатори“ се заклучиле внатре.

Полицијата соопшти дека нивните членови биле гаѓани со камења и пиротехнички средства.

Палестинците ја обвинија израелската полиција дека употребила шок-бомби и солзавец и дека во судирите се повредени 50 лица.

Можеби ќе ве интересира

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени