Панче Тошковски не очекува немири од среда

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не очекува немири и смета дека безбедносната состојба не е нарушена во врска со најавите на ДУИ дека „укинувањето на која било одредба од Законот за употреба на јазиците ќе биде директен удар врз стабилноста и мирот на Македонија“
Разгледувањето на можноста е на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за в среда. Во синоќешното гостување на Сител телевизија, Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ги има потребните капацитети и ќе одговори на сите предизвици како и претходно.
- Сметаме дека безбедносната состојба не е нарушена. И во минатото говоревме дека постојат обиди за дестабилизација. Да, факт е дека на одредени злонамерници не им одговара тоа да имаме една демократска земја во која што ќе владее законот и правото и тоа токму се гледа и преку овие нивни дејствија, изјави Тошковски.
Според министерот, ДУИ директно се меша во работата и надлежноста на Уставниот суд.
-Сметам дека Уставниот суд треба да си донесе одлука согласно Устав и закон. Тоа е негова работа да одлучи дали одреден закон или одредена одредба е во согласност со уставните одредби. Сите политички субјекти и останати фактори во општеството ќе треба да ја почитуваат одлуката која што ќе ја донесе Уставниот суд без оглед во која насока ќе биде истата, додаде тој.
Не сме одговорни за она што ќе следи, предупредува ДУИ за спорните одредби за Законот за јазици. За партијата на Али Ахмети 11 декември е денот што може да промени сè.
Во пресрет на седницата на Уставниот суд на која треба да се разгледуваат оспорените одредби за Законот за јазиците, од ДУИ велат дека секој обид за укинување на која било одредба претставува директен напад на стабилноста и мирот.
„Доколку Уставниот суд одлучи да ги поништи достигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат ненадоместливи, а ние не можеме да одговараме за она што може да следи. Ги повикуваме граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за да се спречи овој чин кој ја загрозува стабилноста на земјата и регионот. Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана“, реагираа од ДУИ.
Предметот за Законот за јазиците е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година. Уставниот суд го активираше предметот по забелешките на Венецијанската комисија.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

„ОВА Е ПРОТЕСТ НА НАРОДОТ, НА ТАГАТА, РЕВОЛТОТ И ЖЕЛБАТА ДА СЕ ОСТАНЕ ТУКА“: Росица Кулакова пред утрешниот протест

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - Обвинителство бара притвор за 26 годишниот криминалец

БИЛАТЕРАЛНИТЕ РАЗЛИКИ И БЛОКАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ОД БУГАРИЈА МЕЃУ ТЕМИТЕ НА РАЗГОВОР - Муцунски и бугарскиот колега во Минхен

„НЕЛИ ВО КАРПОШ НЕ СЕ ЖИВЕЕЛО ХУМАНО? НЕЛИ НЕМАЛО ЗЕЛЕНИЛО“: градоначалникот Јакимовски вели ' вистина излегува на површина'
„ВЛАДАТА НЕКА КУПИ ЗА СЕКОЈ МИНИСТЕР ЛУКСУЗНИ DACIA DUSTER“: Костадинов со препораки до владејачката коалиција по критиките на негова сметка
УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА КАЈ 28 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ - медицинскиот тим се заблагодари до семејствата на донаторите

„ЗА ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ ВО ДУБАИ“: Латас најавува финале заедно со промени во судството и обвинителство - 'купете карти за прв ред'

ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош
