16 Декември, 2025
0.1564

Пандев во Галатасарај ќе заработува 7.000 евра на ден

Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2014 22:00

Добивај вести на Viber

Платата на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во турскиот клуб Галатасарај нема да биде многу поразлична од онаа што досега ја земаше во италијански Наполи, пишуваат турските медиуми, објавувајќи детали од договорот што Пандев денеска и официјално го потпиша за трансферот во Истанбул. Согласно договорот, Пандев во Галатасарај ќе заработува 2,3 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси и премии за успеси во турскиот шампионат и во Лигата на шампионите, што значи дека струмичанецот ќе стигне до платата во Наполи која изнесуваше 2,5 милиони евра. Тоа значи дека секој ден во Турција Пандев ќе заработува речиси 7.000 евра. Во договорот има и клаузула според која доколку тој оствари 29 настапи како стартер во дресот на Галатасарај, во сите натпреварувања, договорот автоматски ќе му биде продолжен за уште една наредна сезона. Највисока плата Пандев земаше во дресот на Интер - 3,5 милиони евра годишно. За разлика од него, заработувачката на Блерим Џемаили, швајцарскиот фудбалер по потекло од тетовско, ќе биде нешто пониска. Тој во Галатасарај ќе заработува 1,8 милиони евра годишно. Навивачите на Галатасарај на социјалните мрежи се поделени околу трансферот на Пандев од Наполи. Предноста на неговиот ангажман се гледа во ниската цена особено во однос на останатите напаѓачки опции што ги разгледувал турскиот фудбалски клуб. Сепак, дел од навивачите сметаат дека клубот потрошил многу пари на „ситни“ трансфери наместо да купи некое големо фудбалско име за поголема сума.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“