22 Ноември, 2024
0.0299

Паника во училиштата, родители земаат деца, Филипче најавува нови мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Паника почна да се шири меѓу родителите во училиштата. Дел од родителите по социјалните мрежи веќе бараат да прекине наставата во училиштата, и пишуваат пораки во стилот „ајде да си ги земеме децата од училиште“.

Некои родители утрово, откако ги однеле децата на училиште, наводно веќе тргнале да ги земат оттаму.

Тоа го мислат и некои од наставниците и професорите, кои упатуваат пораки до власта и до министерот за здравство Вeнко Филипче, дека можеби е време да се затворат училиштата.

Паниката од коронавирусот во земјава дополнително се загреа откако се дозна дека директорката на Кожна клиника која работела таму, е позитивна на овој вирус.

Три деца од едно основно училиште, „Владо Тасевски“ во скопската населба Тафталиџе, општина Карпош, веќе се во самоизолација.

Фактор побара став од директорката на ова основно училиште, но таа ни изјави дека во училиштето состојбата се држи под контрола, а дека сите информации во врска со ова прашање ќе се даваат преку Општина Карпош.

„Држиме се под контрола. Договорени сме дека сите информации ќе одат преку Општина Карпош, затоа ве молам, оттаму да ги обезбедувате сите нинформации“, вели директорката на ОУ „Владо Тасевски“.

Од Општина Карпош за Фактор велат дека во „Владо Тасевски“ станува збор за три деца, на родители кои биле на симпозиумот во Рагуза каде заразената директорка од Кожно држела предавање, по што децата веќе од вчера се повлечени од училиште и од денеска се во изолација.

Потврдуваат дека е точно оти има родители што ги зеле децата од училиште.

Има и едно дете од „Вера Циривири-Трена“, чиј родител работи на Клиниката за дерматологија и исто е во самоизолација. Поголем дел од родителите на учениците од таа паралелка денеска не ги однеле децата на училиште.  

А на офиоцијалната веб страница на Општина Карпош на фејсбук како последна засега е објавена информацијата од докторката Кујтиме Мехмети, вработена на Клиниката за дерматологија, која минатата недела одржала предавања во ООУ „Братство”.  

Оттаму велат дека се постапува согласно сите здравствени протоколи, во координација со Министерството за здравство. За жал, ова се е резултат на неодговорниот пристап на еден човек - доктор.

„Јас др.Кујтиме Мехмети вработена во Клиниката за Дерматологија во моментот сум во добра општа здравствена состојба, без никакви симптоми и сум во домашна изолација 14 дена, како и сите останати вработени во Клиника за дерматологија. Предавањето во ООУ „Братство” го одржав на ден 03.03.2020 (вторник).

Во понеделник, 02.03.2020 со директорката на Клиниката за Дерматологија не сум била во близок контакт. Во вторник директно отидов во ООУ „Братство”, каде и предавав за договореното предавање, па потоа отидов на работа.

Имајќи предвид дека во понеделник не сум била во близок контакт со диркторката на Клиника за дерматологија, според протоколот: Категории на ризик според експозиција поврзана со меѓународни патувања, или контакт со потврден случај, спаѓам во група на низок ризик!“, пишува докторката Мехмети.

Еден вработен од средното училиште „Никола Карев“ самоиницијативно не доаѓал на работа, бидејќи минатата недела бил да се прегледа на Скопските клиники. 

На фејсбук се огласи и министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека се можни и нови мерки.

„Претпладнево ќе одржиме состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со корона вирусот. На средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата. Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата“, вели министерот.

Тој напиша дека здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.

Од Министерството за образование велат дека за училиштата досега нема нови мерки и на сила се оние од 26 февруари, со кои Министерството информираше дека до основните и средните училишта во земјата, универзитетите, јавните научни установи и другите образовни институции, доставени се детални насоки за постапување со цел заштита на учениците, студентите и вработените од евентуално заболување и понатамошно пренесување на овој вирус.

„Имено, покрај организирањето на едукативни предавања поврзани со начините за превенција од корона вирусот, насоките за постапување наложуваат образовните установи да ги одложат планираните патувања и екскурзии на ученици, студенти и вработени во Република Италија. Исто така, во најкус можен рок по телефонски/електронски пат потребно е образовните установи да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти - дали во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван. Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата“, пишуваше во препораките.

Од Министерството велат дека ќе се разговара за нови препораки и штом се усвојат, јавнјоста веднаш ќе биде информирана.

(Н.Н.Ф. - А.Т.)

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР