18 Декември, 2025
0.0415

Паркинзи на Општина Центар за чистење на сметот: Ги повикуваме сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат – придружете ни се!

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2025 10:15

Добивај вести на Viber

Oд ЈП Паркинзи на Општина Центар ги повикаа граѓаните ако сакаат да се вклучат во расчистувањето на сметот. 

Како што и сами знаете, сите сме соочени со сериозна криза - еколошка катастрофа која може да предизвика тешки последици врз здравјето, пред сè на децата, но и на сите нас, на домашните миленичиња, како и на целиот екосистем. Оваа состојба не се однесува само на територијата на Општина Центар, туку ја зафаќа и целата територија на град Скопје. Ние, ЈП ПОЦ како Ваш сервис кој првично е формиран за други намени, но постои и работи пред сè за да ви служи вам, во последниве недели се соочуваме со сè поголеми потешкотии при подигањето и депонирањето на насобраниот отпад, како и при спроведувањето на дезинфекција на просторите кои претходно беа затрупани со смет. Нашите хигиеничари, како што добро знаете, работат во повеќе смени – и дење и ноќе, секој ден, без прекин. Тие вложуваат надчовечки напори за да се надмине оваа тешка и сериозна состојба. Постапувајќи по заклучоците и насоките на Градоначалникот и Кризниот штаб на Општина Центар, упатуваме апел и искрена молба до сите Вас – до сите жители на Центар кои се во можност – да ни помогнат, за заедно и со заеднички сили што побрзо да ја надминеме оваа криза. Воедно, ги повикуваме и сите компании кои располагаат со соодветна механизација и опрема, да ни ја стават на располагање, со оглед дека моментално нашите ресурси не се доволни и не се предвидени за ваквата кризна ситуација“, се вели во соопштението. 


ЈП ПОЦ изготви дневен акционен план за денеска, со прецизен распоред на пунктови и точно определено време, кога и каде ќе бидат распоредени возилата и екипите.

Пункт 1

Локација: Монтажна гаража зад ТЦ „Буњаковец“

Време на почеток: 10:00 часот

Пункт 2

Локација: Фонтана „Лотус“ – Градски Парк

Време на почеток: 11:00 часот

„Ги повикуваме сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат – придружете ни се! Пријавете се кај одговорното лице на пунктот и заедно со нашите екипи да дадеме свој придонес за почисто и поздраво опкружување. Ве замолуваме да бидете соодветно облечени и подготвени за работа на терен, а доколку имате алат или опрема што може да помогне во акцијата – понесете ја со себе. Да бидеме пример за солидарност и одговорност. Секој мал чекор значи многу кога сите чекориме во иста насока – кон почист и поздрав Центар!“, додаваат од претпријатието. 
Инаку, комунални возила од Куманово и Кавадарци деновиве помагаа за расчистување на сметот во Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери