Партиите имаат покана, од кабинетот на Пендаровски не потврдуваат за лидерска средба
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019
Партиите веќе добиле покана од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, да дојдат на лидерска средба во Вилата Водно во недела.
Ова за Фактор го потврдуваат извори од владејачката ДУИ.
Оттаму сеуште сметаат дека исходот што за земјава ќе стигне од Брисел е крајно неизвесен, односно уште не се знае дали тој ќе биде позитивен или негативен. Според нив, доколку не добиеме зелено светло од Европската унија, тоа би значело дека земјава е колатерална штета на внатрешни превирања внатре во унијата.
„Станува збор само за почеток на преговори, затоа не е во ред што се кажува дека земјава не ги исполнила потребните реформи“, вели нашиот извор.
Од друга страна, од кабинетот на претседателот Пендаровски за Фактор врелат дека дали ќе има лидерска средба, засега не можат да потврдат.
Според наши извори, и во кабинетот на претседателот ја очекуваат главната вест од Брисел, и зависно од тоа каква ќе биде, ќе се информира за лидерска средба.