08 Октомври, 2024
0.0285

ПАТУВАШЕ 9.000 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ГО ВИДИ ТАТКО СИ НА 45 МИНУТИ: Откриено каде Хари ја помина ноќта

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Принцот Хари, кој патувал речиси 9.000 километри за да го посети својот татко, кралот Чарлс, кому му бил дијагностициран рак, бил со него само 45 минути. Откако се сретнал со својот татко, отишол во хотелот, бидејќи неговиот брат, принцот Вилијам, не сакал или не можел да дојде да го види.

Наводно, не е договорено Хари и Вилијам да се сретнат додека војводата од Сасекс е во ОК. Британските медиуми шпекулираат дека заедничкиот пријател Марк Даер, кој им бил ментор на принцовите по смртта на принцезата Дијана, би можел да „послужи како тампон зона меѓу браќата“.

Вилијам, чија сопруга Кејт неодамна беше оперирана, се вели дека е фокусиран исклучиво на нејзиното закрепнување, како и на обврските што му се наметнати бидејќи неговиот татко морал да се повлече од јавните настани поради болест.

Дејли Мејл пишува дека Хари во понеделникот вечерта го напуштил Лос Анџелес за да го посети својот болен татко. Џипот во кој се вели дека бил Хари, вчера е снимен како влегува во кралскиот имот, а и кралот Чарлс вчера беше виден во јавноста за прв пат откако беше откриено дека боледува од рак.

Хари не преноќил во кралската куќа, туку наводно отишол во еден од луксузните хотели во англиската престолнина.

Се претпоставува дека Хари нема долго да остане во Лондон, туку дека наскоро ќе се врати во Америка, каде што го чекаат неговата сопруга Меган и нивните две деца, принцот Арчи (4) и принцезата Лилибет (2).

Блиските на принцот Хари рекоа дека Хари е подготвен да се сретне со својот брат, но дека неговата главна причина за доаѓањето во Британија е да се сретне со неговиот татко.

-Доколку се укажеше прилика да се види со принцот од Велс, војводата со задоволство би прифатил - рекол неименуван извор.

11-часовното патување на војводата од Сасекс ги зголеми надежите дека неговото враќање во Британија ќе биде искористено за „залевање на раните“ со кралот Чарлс и можност да разговара со Вилијам, со кого наводно долго време се кара.

Хари едвај разговарал со својот татко по смртта на кралицата Елизабета и се говори дека немало никаков контакт кога го прославил својот 39-ти роденден.

Извори од палатата рекоа дека нема планови за средба меѓу Хари и Вилијам додека војводата од Сасекс е во Лондон.

Се очекува Вилијам да посвети неколку дена на своите јавни должности.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?