Пецаков бил позитивен, па негативен на корона тест
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2022 14:20
Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, добил позитивен наод на тест за коронавирус на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше.
На повтореното тестирање резултатите биле негативни. И двете тестирања се направени во Центарот за јавно здравје во Охрид. Пецаков на својот Фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но дека ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство. Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето направено заради потреба од патување надвор од земјата.
Вчера во Македонија имаше 2.071 нов случај на КОВИД-19, а во Охрид имаше 25 заразени.
МИА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




