Пендаровски бара да не се брза со Законот за игри на среќа
Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 15:28
Претседателот Стево Пендаровски побара на законските измени за игрите на среќа да не се брза со процедурата со европско знаменце. Шефот на државата бара претходно да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните.
– Имам барање за средба од луѓе од Здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог-закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена – искоментира Пендаровски.
Ваквиот коментар на Пендаровски следуваше по средбата со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кој исто така беше запрашан од медиумите како ги коментира законските измени, ако се знае дека инвестиции во овој бизнис има и од Австрика.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




