Пендаровски за предлогот: Не може никој да зборува во име на цела нација
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 17:21
Според шефот на државата, Стево Пендаровски модификуваниот француски предлог, кој пристигна во Скопје, е далеку подобар од претходниот. Тој ова го изјави за Сител.
Пендаровски кажа дека мора да искомуницираат со граѓаните пред да се донесе конечната одлука. Додаде дека мора да имаме гаранција за македонскиот идентитет и гаранција дека никогаш јазик, националност нема да биде споменато никаде од сега, па во иднина без разлика колку ќе траат преговорите.
„Можам да ви кажам дека модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот. Дали е тоа доволно добро, засега ќе се воздржам. Не смееме да ја повториме грешката од минатиот пат. Не може никој – не претседател, премиер или некој друг да зборува во име на цела нација, постојат надлежни институции кај нас“, вечли Пендаровски.
Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека идните денови ќе има консултации за предлогот кој го добиле.Претходно, Ковачевски во Брисел повика на почитување на македонскиот народ и го одби предлогот како неприфатлив. ЕУ повика Македонија и Бугарија да го прифатат предлогот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




