ПЕНЗИОНЕРИ, СПРЕМЕТЕ ГИ ПАРИЧНИЦИТЕ: Јунската пензија ќе се исплаќа порано
Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2023
Владата на последната владина седница препорача предвремено да се исплаќа јунската пензија, и тоа според следниот редослед:
Пензијата за оние пензионери кои добиваат со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник).
За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
Пензионерите кои примаат пензии во висина од 14.001 – 18.000 денари, исплатата треба да се изврши на 29.06.2023 година (четврток), додека пак за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.