Добивај вести на Viber
Додека опозицијата тврди дека пензиите за идните пензионери ќе се намалуваат, ресорниот министер и владеачката ВМРО-ДПМНЕ, велат дека тоа нема да се случи.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска повтори дека средствата и во приватните пензиски фондови и во државниот пензиски фонд се сигурни. Тој вели дека пензиите ќе се исплатуваат и нема никаков ризик во нивната исплата ниту сега, ниту во следниот период.
Во интервју дадено пред десетина дена, Министерот рече дека ќе се почитува даденото ветување пензиите да се исплаќаат првата седмица во месецот без разлика на група и категорија, што е знак за стабилност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кој како што повтори тој нема да крахира и покрај тврдењата на многумина.
Сепак, вчера опозицијатата излезе со став дека состојбите во пензискиот систем се далеку од розови. Според нив буџетот е тенок и затоа власта го измени законот и ги натера приватните пензиски фондови предвреме да ја продадат еврообврзницa своевремено издадена од Република Македонија. Овие пари, тврди потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, Владата ги пренасочи за крпење на скинатиот буџет. „Податоците покажуваат дека во периодот од јули па заклучно со октомври, износот на државни хартии од вредност што се во посед на приватните пензиски фондови се зголемил за 84 милиони евра, од кои 70 милиони евра се однесуваат на парите добиени од предвремената продажба на еврообврзницата”, беше појаснувањето на Јовановски.
Тој смета дека Владата со ова предизвикала штета кај повеќе од 300 илјади граѓани кои се во вториот пензиски столб и ќе имаат пониски пензии во споредба со пензиите што ќе ги имаа ако приватните пензиски фондови ја сочуваа еврообврзницата до крај, наместо да ја продадат предвреме.
Веднаш се огласија од владеачката партија. Соопштија, нема намалување на пензиите, а со одлуката да се вложува во државните хартии од вредност дополнително се обезбедува сигурност на пензиските фондови и пензиите на граѓаните, еврообврзницата се издава за да донесе странски капитал однадвор, за да се подобри ликвидноста, односно да се доведат свежи средства во домашната економија.
Додека Европа мака мачи со исплата на пензиите и ја зголемува староста за пензионирање, Министерот Ристовски појаснува дека кај нас старосната граница ќе остане непромената.
Пред само две недели, беше потврдено дека рекордни 322,3 милиони евра во 2013 година ќе бидат префрлени од централниот Буџет во касата на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, што е за 35,5 милиони евра повеќе отколку што за спас на пензискиот систем беа одвоени со годинешниот буџет. Како главната причина за зголемувањето на сумата беше најавеното зголемувањето на пензиите од 5 проценти, или за околу 550 денари, што треба да се случи во март идната година.
Трошоците што му се наметнати на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување , неминовно ќе доведат до зголемување на дефицитот во Фондот и проблеми во исплатата на пензиите во иднина, смета поранешниот министер за труд и социјала Стевчо Јакимовски .
„Тоа значи дека, од некои 27 отсто во 2006 – та година (процент на пензии што се намируваа од Буџетот) сега имаме 35 отсто со сериозни индиции дека следната година ќе бидат 40 отсто. Тоа значи, 40 отсто од пензиите се намируваат од Буџетот. Ако вака продолжи, за некои 12 до 13 години, Република Македонија ќе треба половина од буџетот да даде за пензии. Тоа е многу сериозен проблем. Или втора варијанта , тогаш ќе мора драстично да се намалат пензиите или пак да дојде до драстично зголемување на покачување на придонесите “, тврди Јакимовски.
Инаку, Фондот за ПИОМ вo година вкупно за пензии ќе потроши исто така рекордни 808,8 милиони евра. 469 милиони планира да ги обезбеди од придонесите за пензиско осигурување што го плаќаат вработените и уште неколку милиони од продажба на акции и удели во македонските компании.
Во меѓувремe со цел да го подобри животот на пензионерите, Владата им дозволи бесплатно возење со автобус, бесплатна бања за оние со ниски примања, бесплатно кино, театар, посета на музеи и куп други бенефиции.
Ј.Ј.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.