ПЕРИНСКИ: Поради тоа што несоодветно ги собираат данокот на имот и комуналните такси, локалните самоуправи губат од 100 до 120 милиони евра
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2024
Mинистерот за локална самоуправа, Златко Перински изјави дека општините треба да бидат поревносни при наплатата на даноци. Ако тоа го сторат, ќе имаат пари за инвестиции.
„Оваа година има зголемување во делот на приходите шест проценти од ДДВ и персонален данок што е насочен кон локалните самоуправи. Сметам дека сме на солидно ниво, но сметам дека е поставена оваа фискална децентрализација на солидно ниво. Дополнително, оваа година предвидуваме 100 милиони евра за општините, следната година предвидуваме 250 милиони евра за општините. Кога зборуваме за фискалната децентрализација, она на што постојано апелирам за локалните самоуправи е дека мора поревносно да си ги собираат своите сопствени приходи, а тоа се даноците на имот и комуналните такси. Едноставно не можеме да се пофалиме со процент кој се движи некаде 50 отсто, дека е соодветно собирањето на сопствените извори на финансирање“, вели Перински.
На годишна основа, од тоа што несоодветно ги собираат данокот на имот и комуналните такси, локалните самоуправи губат од 100 до 120 милиони евра.
Кога општините би ги собрале овие пари, ќе има нов инвестициски циклус.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.