ПЕСОК ОД САХАРА И ЕФЕКТ НА ФЕН, тоа не очекува неделава: Температурите и до 20 степени
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2023
Невообичаено
високите температури кои не очекуваат веќе од утре, и тоа во период кога зимата
треба да биде со најголем интензитет ни доаѓаат од Медитеранот од каде ќе
пристигне многу топла воздушна маса со потекло од северот на Африка.
Истовремено силните јужни и југозападни високи струи ќе донесат честички од песок од Сахара, па во подрачја со врнежи дожд или снег, водените капки ќе содржат пустински честички од песок, велат метеоролозите од регионов
-На планините се очекува постепено топење на снежната покривка, особено под 1.500 метри н.в. Дневната температура е во пораст така што максималните температури во овој период ќе се движат од 10 до 15, 17, па и 20 степени. Кон средината на идната недела со засилување на јужниот ветер максималните температури во планинските подрачја (т.н. ефект на фенот) може да бидат за неколку степени повисоки - вели српскиот метеоролог Иван Ристиќ.
EPA-EFE/TOMS KALNINS* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.