19 Декември, 2025
0.0742

Пет тони сокови „Бифрут“ – помош за настраданите од поплавите во регионот

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2014 16:43

Добивај вести на Viber

Компанијата БИМИЛК се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина. Во наредните два дена преку Црвениот крст на Република Македонија, БИМИЛК ќе испрати 19.000 сокови БИФРУТ, односно вкупно 5 тони сок до загрозените подрачја. По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се  активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука БИМИЛК ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма - природните овошни сокови „БИФРУТ“. БИМИЛК и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода, соопштуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година