Пет земјотреси го „здрмаа“ Дебарскиот регион
Објавено во: Македонија 03 Април, 2015
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќта на 3 април регистрираа серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 110 км југозападно од Скопје и потекнуваат од дебарското епицентрално подрачје.
Дел од овие земјотреси беа почувствувани во Дебар и околината.
Според досегашните податоци, земјотресите, освен мала вознемиреност кај населението не предизвикале материјални штети.
Првиот потрес беше во 3,57 часот со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала-1998, а вториот во 4,14 часот си јачина од 5 степени. Четири минути подоцна земјиштето повторно се затресе, но овој пат потресот беше послаб и имаше интензитет од 3 до 4 степени. Во 4,30 часот уште еднаш се почувтсвува земјотрес со иста јачина, а последниот беше во 6,54 часот со интензитет меѓу 4 и 5 степени според Европската макросеизмичка скала-1998.