ПЕТКОВ: ПРВ ПАТ БРИСЕЛ ЈА ПОДДРЖА БУГАРСКАТА ПОЗИЦИЈА - Скопје сега има избор за својата иднина
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 20:22
Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите, изјави бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи ја позицијата на Софија по одлуката на Народното собрание за прифаќање на нацрт-предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.
Според Петков, со прифаќањето на „францускиот предлог“ Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси. – Направивме нешто неверојатно. Првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција, рече Петков.
Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да го почне преговарачкиот процес со ЕУ.
– Имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија, тврди Петков.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојана Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот порачаа дека Северна Македонија ќе го прифати предлогот на француското претседателство за старт на преговорите со ЕУ доколку во преговарачката рамка не биде преблематизирано прашањето за македонскиот јазик и не бидат вклучени историските прашања и доколку почетокот на преговарачкиот процес не биде врзуван со внесување на Бугарите во Уставот.
Османи истакна дека негов личен став е оти „францускиот предлог“ би станал профатлив, доколку од предложената преговарачка рамка се исклучи засега неусогалсениот протокол од втората македонско-бугарската Меѓувладина конференција, која се уште не е одржана и доколку се промени планот за динамиката за промена на Уставот, односно стартот на преговотите да не се условува со вклучување на Бугарите во Преамбулата.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




