18 Декември, 2025
0.0423

ПЕТКОВ ТРЕБА ЈАСНО ДА НИ КАЖЕ АКО ДОГОВОРИЛ НЕШТО СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Јотова го прозва бугарскиот премиер

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2022 21:00

Добивај вести на Viber

Имаше нешто недокажано во вчерашната забелешка на премиерот Кирил Петков, го коментира потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова барањето на бугарскиот премиер да се свика Совет на национална безбедност на земјата по повод актуелната ситуација со Македонија и преговорите за спорот.

-Вчера премиерот оваа одлука ја оправда со меѓународен притисок, но не даде можност да се слушат други аргументи – има ли промена на условите, има ли нови резултати од Северна Македонија?“, праша бугарската потпретседателка.

„На 10 јануари имаше речиси 5-часовен состанок на Консултативниот совет, по што излезе со консолидирана национална позиција со два елементи – дека не можеме да се посветиме на роковите, дека чекаме конкретни резултати. Ако премиерот има аргументи во оваа насока, добро беше да се слушнат. Неговите аргументи беа разгледани вчера. Ако владата постигнала гаранции и договори, треба да ги знаеме“, изјавила Јотова, пренесува бугарска „Сега“.

Петков вчера го повика претседателот Румен Радев да свика Советодавниот совет за национална безбедност. Бугарскиот премиер во видеообраќање истакна дека владата нема да направи ништо без широк национален консензус и во согласност со коалицијата.

Во врска со изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека очекува Бугарија во рок од неколку недели да даде зелено светло за пристапување на Северна Македонија, Петков истакнал:

-Мора јасно да се каже дека како премиер јас не преземам никакви обврски сам. Одлука носи коалицијата, откако ќе помине во МНР, предлогот да влезе во парламентот, таму да се одлучи, па потоа може да се преземат заложби.З начи постапката е многу јасна. Лажна вест е дека премиерот имал некаква независни договори и се залагал сам, вели Петков.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери