Петтемина обвинети за убиството кај Смилковско езеро правосилно осудени
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2022 13:00
Алил Демири, Африм Ислаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Фејзи Азири се правосилно осудени за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година на четирите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски ид Радишани, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.
Апелациониот суд објави дека жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија, а делото терористички акт не се менува.
Судот им ги потврди доживотните затворски казни на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и се чека реакција од Министерството за правда со ново барање за екстрадиција.
Се потврдува првостепената казна и за помагачите Хаки и Фејзи Азири.
Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.
Можеби ќе ве интересира
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште




