17 Декември, 2025
0.0555

Пилотот Андреас Лубиц – убиец или жртва?

Објавено во: Свет 27 Март, 2015 13:18

Добивај вести на Viber

Истрагата на авионесреќата во Француските Алпи влегува во својот четврти ден.

Од вчера главната верзија е поврзана со останатиот сам во кабината втор пилот Андреас Лубиц.

Француските власти соопштија дека младиот Германец намерно го урнал авионот на авиокомпанијата „Germanwings“ и така ја предизвикал смртта на 150 лица.

Во меѓувреме, во неговата татковина беа претресени две адреси - куќата на неговите родители во Монтабаур и претресениот на пилотот стан во Дизелдорф.

Токму на последното место истражните поминаа над 4 часа вчера вечерта.

Тие изнесоа 3 кутии со докази, а меѓу нив имало и такви со голема важност. Сеу ште не е јасно што е тоа, а подоцна во текот на денот се очекува брифинг на обвинителството.

Во меѓувреме, во различни жолти изданија се појавуваат информации дека Лубиц доживеал љубовна мака и дека бил во состојба на „депресија“ поради силен стрес.

zx450y250_2500792

Во родното гратче на пилотот е тензично. Дел од соседите привремено ги напуштија домовите поради огромната количина новинари. Во близина е и првиот аероклуб, посетуван од Лубиц. Веднаш по падот на авионот, таму бил суспендиран некролог. По последните информации, сепак, од аероклубот го симнале.

Тероризам, самоубиство или нешто друго?

Поради бројните верзии, фрлени во јавниот простор, сеуште ништо не може да се тврди со сигурност. Сеуште не е отворена втората црна кутија во која е целата телеметрија на паднатиот авион. Во моментов во Франција дебатата е дали во пронајдените веќе аудиоснимки од кабината се слуша јасно дишењето на вториот пилот. Тоа би  покажало дали тој бил свесен во моментот во кој „Ербасот“ нагло ја променил висина.

Истрагата од француска страна смета дека трагедијата е со замисла на криминален чин - терористички или самоубиствен.

Експерти: Капитенот немал никаква шанса

Вратата на пилотската кабина на „Ербас“ А320 може да се пробие, но само од внатре. Тоа го наведуваат експерти кои пилотираат токму таков авион. Според нив, ако отворањето со код било блокирано од внатре, останатиот надвор капитен „нема корисен потег“.

Тие додаваат дека коментирале со колегите уште пред официјалната информација дека при прекин на мотор, разхерметизација или друг технички проблем, постојат процедури кои се сосема различни од она што се случило со авионот. Според нив движењето за промена на курсот во случајот беше само едно.

Авиокомпаниите воведуваат мерки за да се избегнат вакви ситуации - на пр. при излегување на пилот од кабината, на негово место влегува стјуардеса.

Експерти изразуваат соменвање дека копилотот бил преморен бидејќи имал само 600 часа лет зад себе.

Психолзи пак истакнуваат дека прелиминарната селекција е на исклучително високо ниво и човек со проблеми не би требало воопшто да биде примен до обука.

Многу и различни можат да бидат причините - човек да биде тивок може да е од преоптоварување, акумулиран замор, лични проблеми ... Една од крајните фази на оваа состојба е самоубиство“, посочува психолог.Обично самоуништувачката агресија не излегува надвор од рамките на поединецот, но може кај „депресивниот“ пилот не размислувал за своите постапки.

Сепак, постои сомневање во верзијата за психолошки колапс, кој го наведол  Лубиц кон смртта. Според психолозите, слична ментална состојба има јасни манифестации во пулсот и дишењето.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави