ПИСМО И ЗАКАНА: Eве што доби организаторката на фестивалот „Мирдита, добар дан“
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2024
Организаторите на фестивалот „Мирдита“ добија преполовена животинска глава и писмо потпишано од Народна патрола.
Програмската директорка на Младинската иницијатива за човекови права, која е организатор на фестивалот „Мирдита, добар дан“, Софија Тодоровиќ, на социјалната мрежа Х објави фотографија од пакетот и писмото кои пристигнале откако, како што изјавила, ѝ се јавило непознато лице и ѝ се претставило како курир. Полицијата ја отворила кутијата и нашла глава на животно пресечена на половина. Писмото е потпишано од Народната патрола.
„Ми се јави некоја кукавица на мојот приватен телефон, се претстави како курир и го донесе ова. Нема потреба да ви кажувам што има внатре. Пациенти. Добро би било да се сетите дека ова го поддржа државата и дека под слоганот КОСОВО Е СРБИЈА ви фрлаат фекалии“, наведе Тодоровиќ во првичната објава.
Таа објави и фотографија од писмото, потпишана од екстремно десничарската организација Народна патрола.
Во писмото наведуваат дека јасно е дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ помагаат во организацијата на фестивалот „Мирдита“.
Се наведува и дека сакаат да му „помогнат на фестивалот“ со „традиционален шумадиски специјалитет во сурова состојба“.
„Ние сакаме токму такви специјалитети, а ситуацијата во светот се менува и доаѓаат некои други времиња“, пишуваат „Народна патрола“ и се закануваат дека наскоро ќе бидат во Приштина, Пеќ и Призрен во „маслинесто зелени носии“.
На крајот од писмото се збогуваат на руски и велат „Со љубов од Националната патрола“.
Српскaта полиција вчера го прекина фестивалот „Мирдита, добар дан“ поради опасност од загрозување на безбедноста на луѓето.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.