08 Октомври, 2024
0.0315

ПЛАН ВО ТРИ ФАЗИ: Хамас објави под кои услови ќе прифатат мир

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Палестинската терористичка група Хамас предложи план за крај на војната во три фази.

Хамас достави своја понуда за прекин на огнот во Газа на четири и пол месеци кој би довел до крај на војната, како одговор на минатонеделниот предлог кој го дадоа катарските и египетските посредници со поддршка од Соединетите Американски Држави(САД) и Израел. Како што објави Ројтерс, понудата на Хамас предвидува три фази, од кои секоја би траела по 45 дена.

Во предлогот вклучена е и размена на израелските заложници грабнати на 7 октомври за Палестинците затворени во израелски затвори. Се спомнува и обнова на Газа која би требала да почне веднаш, целосно повлекување на израелските сили и размена на телата на загинатите. 

Сите израелски заложници, момчињата под 19 години, старите и болните би биле разменети во текот на првите 45 дена во замена за палестинските жени и малолетници во израелските затвори. Преостанатите машки заложници би биле ослободени во втората фаза, а посмртните остатоци од убиените заложници би биле разменети во третата фаза. До крајот на третата фаза Хамас очекува двете страни да склучат договор за прекин на војната.

Хамас сака ослободување на 1.500 затвореници, од кои третина би биле одбрани од листата на Палестинци осудени на доживотен затвор.

Примирјето би требало да овозможи засилување на доставувањето на храна и друга помош во Газа. Израел ја почна воената офанзива во Газа по упадот на Хамас на 7 октомври. Израелските сили досега убиле 27.585 Палестинци во Газа.

Огромни суми пари ќе бидат потребни за обнова на Газа. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?