22 Ноември, 2024
0.0284

ПЛАТАТА НА КУЌНИТЕ ПОМОШНИЦИ НЕМА ДА СМЕЕ ДА БИДЕ ПОМАЛА ОД МИНИМАЛНАТА - еве кои други новини ќе ги донесе новиот закон за работни односи

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Охрид денеска се оддржала десеттата јавна расправа за новиот предлог закон за работни односи, на која претставниците на министерството за труд и социјална политика, ги презентирале новитетите на новото предлог законско решение за работни односи. На јавната расправа биле поканети и присуствувале претставници од бизнис секторот и претставници од општината.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го истакнала значењето на носењето на новото законско решение со кое ќе се елиминираат досегашните дилеми околу толкувањето на одредени одредби со кои се соочуваат практичарите.

Таа информирала дека по оддржување на јавните расправи, работната група ќе ги разгледа сите коментари, и тие ќе бидат усогласени со сите социјални партнери.

„Нашата цел е законот за работни односи да го донесеме во втората половина од 2023 година, односно на почетокот на втората половина од годината влезе во владина процедура, а потоа и собраниска процедура,“ истакна Тренчевска.

Од страна на претставниците на министерството, кои се експерти во областа на трудовото право, биле презентирани дел од новитетите на новото законско решение, како што се времетраењето на договорите за вработување на определено време, работата од далечина, работата на куќните помошници, породилното отсуство, работата на малолетните лица, годишниот одмор, регистрацијата на синдикатите и друго.

Било посочено дека се направени и промени во дефинирањето на одредени поими, со цел правилно толкување на институтите.

„Договорот за вработување на неопределено време останува да биде стандардот кој кон се стремиме. Кај договорот за вработување се прецизираат случаите кога се склучува нов договор, а кога анекс. Договорот за вработување на определено време, се лимитира на времетраење до две години со можност за склучувања на најмногу три договори кај ист работодавач.

Кај сезонската работа, се воспоставува договор за вработување на повторливи сезонски работи, каде што доколку работникот кој ќе продолжи да работи и следната сезона, работодавачот му ги плаќа придонесите преку целата година. Доколку работникот неоправдано не се јави на работа следната сезона, треба да ги врати уплатените средства на работодавачот. Ова претставува сигурност и за работникот и за работодавачот.

Работата од далечина е исто така новитет преку примена на информатичко комуникациски технологии и е уредена по урнек на европскиот рамковен договор за вршење на работа од далечина и подготвени се одредби соодветни на нашите услови. Местото на работа го избира работникот. А двете страни го уредуваат работното време и достапноста на работникот за потребите на работодавачот, техничката поддршка, средствата и опремата која ја обезбедува работодавачот, како и заштитата на приватноста на работникот. Платата на куќните помошници да се исплаќа во парични средства и да не биде помала од минималната плата. Работникот со работно време пократко од полното се изедначува со правата на работникот со полно работно време, освен платата која се исплаќа пропорционално според работното време кое го работел.

Наместо досегашното породилно отсуство, се предвидува поделба на отсуството на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото.

Има промена и кај регистрацијата на синдикатите, сега постапката би започнала со регистрација во Централниот регистар, па потоа во регистарот во Министерството за труд и социјална политика.

Кај ангажирање на младо лице, кое е вклучено во наставно образовен процес, по завршувањето на наставата може да работи 2 часа дневно и 12 часа неделно. Практичната обука во летниот период , кога младите лица се надвор од настава, ќе можат да работат 35 часа неделно или 7 часа дневно. Промени има и кај горната граница на годишниот одмор, односно се иззема горната граница“, се вели во соопштението од Министерството за труд. 

На крајот од јавната расправа биле објаснети дел од забелешките на присутните и беа прифатени конструктивните коментари дадени од страна на работодавачите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија