19 Декември, 2025
0.0606

ПЛАТИТЕ ЈА ГУБАТ ВРЕДНОСТА, растот на просечната е ирелавантен, неопходни се мерки за зачувување на животниот стандард

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2022 07:14

Добивај вести на Viber

Статистика повторно евидентира раст на просечната плата, ама граѓаните негодуваат околу овој податок. Голем дел прашуваат како може да расте просекот кога платите со години остануваат исти. Дополнително уште поголем товар е инфлацијата, поради која драстично се намалува нашиот животен стандард. Дилемата која се наметнува со евидентирањето на просечната плата е колу истата е одраз на примањата и можностите на граѓаните. Но, и дали просечната плата е вистинскиот приказ за примањата на мнозинството или не?

Економистите за „Фактор“ укажуваат дека дополнителен проблем кој се наметнува со инфлацијата, осносно поскапувањето на производите во малопродажба е намалувањето на вредноста на реалната плата.

Економистот Здравко Савески појаснува дека граѓаните мора да прават разлика помеѓу номиналната и реалната плата. Савески дополнува дека номиналната плата е износот на пари што го добиваат работниците за извршената работа. Додека пак, реалната плата е колку стоки и услуги можат да се купат за тие пари, колку вредат парите што ги заработиле. Тој потенцира дека токму во услови на инфлација, како што ни се случува сега номиналната плата губи важност како мерило за повишувањето на платите.

- Ако платата на работникот се зголемила, но цените на стоките и услугитесе повишиле повеќе од платата, тогаш неговата реална плата не се зголемила,туку се намалила. Важно е што Заводот за статистика почна да објавува податоци за просечната реална плата. Па така, иако просечната номинална плата во септември 2022 се зголемила за 13 отсто, тоа е тотално ирелевантно за работникот што ја земал таа плата, бидејќи неговата реална плата во истиот период паднала за 5 проценти – укажува Савески.

Тој посочува дека секој граѓанин може да си направи математика сам за себе. Посочува дека ако инфлацијата е 20 отсто,тогаш, во случај номинална плата на еден работник да останала иста во споредба со истиот месец претходната година, тоа значи дека неговата реална плата се намалила за 20 проценти, односно за цела една петтина. Исто така, како пример посочува и ситуација каде на работникот номинална плата му пораснала за 5 отсто, но ова вели Савески, значи дека неговата реална плата не пораснала, туку паднала за сериозни 15 проценти.

- Како платите да држат чекор со инфлацијата? Сами од себе тие сигурно нема тоа да го направат. Во услови на капитализам, токму работниците се тие на чиј грб се решава проблемот со инфлацијата. Се намалува нивнатакуповна моќ (т.е. паѓа нивната реална плата) и на таков начин се намалува побарувачката за стоки и услуги, а со тоа се намалуваат и цените. Покрај тоа, „рационализацијата“ на трошоците на фирмите, меѓу другото, се решава и со отпуштање на работници, а со тоа исто така се намалува нивната куповна моќ. Ако сакаат работниците да го спречат ова, мора сериозно да го сфатат проблемот, а тоа значи да се здружат и со колективен притисок да издејствуваат нивните плати барем да држат чекор со инфлацијата. Друг начин нема. Пасивноста само гарантира осиромашување – заклучува Савески.

Економистите исто така велат дека не треба да се мешаат просечната и средната плата, со напомена дека со пресметување на средна плата ќе се добие пореална слика за приходите на македонските работници. Просечната плата не значи дека 50 проценти од вработените земаат плата до тој износ, а 50 отсто над тој износ, туку тоа би било средна плата.

Просечната плата е просек од сите плати, просек на платите од 18.000 денари и 18.000 евра месечно. Притоа,можно е платите на работниците да останат исти, а платите на менаџментот и директорите да растат, што резултира со пораст на просечната плата и со илузија дека ни се подобрува животниот стандард. 

Показател дека нашите плати се уште се ниски е и податокот дека просечното домаќинство во Северна Македонија наменува околу 67,2 отсто од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии