22 Ноември, 2024
0.0299

ПО 1.000 ДЕНАРИ ВАУЧЕРИ НА 35.000 ЛИЦА И НУЛА ДДВ НА ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ: Владата усвои пакет мерки

Објавено во: Економија 09 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Владата ја намали повластената стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти на клучните продукти односно на лебот, шеќерот, брашно тип 400, сончегледово масло, трајно млеко свежо месо, ориз и јајца, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ова е една од мерките кои се усвоени на денешната владина седница. Пакетот од 26 мерки  и препораки, како што рече, содржи мерки за заштита на животниот стандард и мерки за компаниите преку развојната банка

Со намалувањето на ДДВ, вели Ковачевски се спречува наднормален профит и се штити стандардот. Владата испланиралада даде ваучери по 1.000 денари за три месеци на 35.000 граѓани за купување основни производи

Се укинуваат царинските давачки за увоз на прехранбени производи, соопшти Ковачевски. 

Рече и дека ќе има субвенции за пензионерите од 1.000 денари за 3 месеци за купување на основни производи.

Ќе се одложи воведувањето на еколошката такса.

Еве ги сите мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите опфаќа:


1. Намалување на повластената стапка на ДДВ за основни производи за човечка исхрана од 5% на 0%, од април до јуни.


2. Замрзнување на трговските маржи на основни производи за човечка исхрана.


3. Субвенции/ Ваучери за најранливите категории за основни производи за исхрана (по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници), односно 105 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика.


4. Автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, односно укинување на царинските стапки за овие производи и зголемување на квотите.


5. Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до крајот на годината наместо до 1 јули.


6. Препорака за менување на методологијата за утврдување на цена за домаќинства и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, што од 1 јули ќе почне со примена.

7. Продолжување на програмата за енергетска сиромаштија до јули 2022 година.


8. Субвенции за пензионерите (по 1.000 денари за 3 месеци за 326.840 пензионери).


9. Продолжува субвенционирањето на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за домаќинствата и малите потрошувачи, до јуни 2022 година.


10. Субвенционирање на цената на топлинска енергија.


11. Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светската банка спроведен од Министерството за финансии за намалување на потрошувачката енергија во јавните објекти.


12. Поедноставување на постапката за поставување сончеви панели на објекти.


13. Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа, која ќе важи од март до јуни.


14. Одложување на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенсите.


15. Намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, со што се намалува цената на овие горива.


16. Намалување на акциза врз основа на берзанските цени, за ублажување на влијанието на цените на берзата со што ќе има директно влијание на цената на горивата на бензинските пумпи.


17. Ослободување од ДДВ при увоз на електрична енергија да не се плати при увоз туку во промет.


18. Препорака за општините да го реорганизираат јавниот превоз да биде достапен во корист на сите граѓани.


Мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти преку Развојната банка на Северна Македонија вклучуваат:

19. Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година.


20. Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите.


21. Кредитирање преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства.


22. Користење на Гарантниот фонд на Развојната банка.


23. Кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.


24. Се воведува нова поволна кредитна линија со поддршка на Европската инвестициона банка за зелена транзиција вредна 100 милиони евра.


25. Поволни кредити за Зелено финансирање, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, преку УНДП и комерцијалните банки во земјата во висина од 45 милиони евра, за физички и правни лица за инсталирање на фотоволтаици и средства за енергетска ефикасност.


26. Препорака за рационално користење и штедење на електричната енергија и на другите енергенси со сет активности за спроведување на мерката.

 
За да се обезбеди законската основа за дел од мерките, Владата денеска ги утврди измените и дополнувањата на Законот за акцизите, и на Законот за данокот на додадена вредност по скратена постапка, кои ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите