ПО ДОЛГИ ГОДИНИ: ГОЛЕМА ДИРЕКТОРСКА ПРОМЕНА ВО „РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА“ - еве кои се новите членови на Одборот

Објавено во: Економија 29 Мај, 2024 11:32
Голема промена се случила кај директорските позиции на „Раде Кончар - апаратна техника“.
На вчерашното Собрание на акционери биле отповикани пет члена на Одборот на директори, а за тоа компанијата ја извести јавноста пртеку Македонската берза на долгорочни хартии од вредност.
На нивно место се избрани и назначени пет нови члена, а од нив, само една директорка е од претходнипот состав, а сите други се нови.
Односно, како што објави компанијата, поради истекот на мандатот биле отповикани Јана Стојкова Каневче, Марко Андонов, Горан Јанчиќ, Корина Киријас Џалева и Горан Коевски.
Од сите овие директори, во новиот состав на Одборот е останата само Корина Киријас Џолева, додека сите други четворица се нови и тоа Ѓорѓи Доновски, Горан Марковски, Татјана Лазаревски и Мартин Кочмановски, како независен член.
Наши извори велат дека оваа голема директорска промена во директорските позиции на „Раде Кончар - апаратна техника“ се случува после 30 години, односно после толку долг период за прв пат таму доаѓа „свежа крв“.
Инаку, Фактор вчера објави за одлуката на Собранието за поделба на дивиденда од минатогодишната добивка, според која, ако нето добивката лани вкупно изнесувала близу половина милион евра или точно 493 илјади евра, во форма на дивиденда ќе се поделат најголемиот дел, односно 419 илјади евра.
Објавивме и за тоа колку дивиденда кој акционер ќе добие, сразмерно на нивните акционерски пакети.
Инаку, во „Раде Кончар - апаратна техника“, како што веќе објавивме вчера, најголем поединечен акционер е Горан Антевски, кој поседува 8,83 отсто од акциите.
Додека, пак, заедно со неговата сестра, Владанка Трајкоста, која има 6,1 проценти, како и со двете фирми во нива сопственост, ова семејство поседува вкупно 24,9 отсто од акциите на „Раде Кончар - апаратна техника“.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
