По долго време повеќе испишани од примени: Од ГОБ „8 Септември“ заминале 15 излекувани пациенти од Ковид-19
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020 15:01
По подолг период, денеска во ГОБ „8 Септември“ испишале 15 пациенти кои успешно се излекувани од корона вирусот, вели директорот на оваа здравствена институција, д-р. Христијан Костов.
Тој потенцира дека во последните неколку дена бројот на пациентите кои ги хоспитализираат е помал, од оние кои си заминуваат дома. Денеска примиле само 8 пациенти, што според д-р. Костов е далеку помалку од пред една недела кога дневно хоспотализираа и до 20 болни од корона вирусот, а испишуваа по еден до двајца.
-Состојбата е далеку од одлична, но се подобрува. Денеска си заминаа 15 излекувани пациенти, а примивме само 8, што практично и не можеше да се замисли во изминатиот период. За жал има и многу млади пациенти кои се со најтешка клиничка слика. Имаме пациентка од 28 години со тешка пневмонија, но засега е добро. Имаме и пациент од 37 години, кој исто така е со тешка клиничка слика. Ги лекуваме со исклучително скап лек, актембра. Само една доза чини 100.000 денари. До сега го примија 20-тина пациенти во најтешка состојба и само двајца не успеаа да се изборат со болеста. Кај останатите даде одлични резултати, вели д-р. Костов.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ потенцираше дека во моментов имаат нови 10 дози од овој лек, односно за 10 пациенти и тоа, како што вели, е донација од една приватна компанија.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште




