ПО ГОДИНА ПОМИНАТА ВО БОРБА СО РАКОТ: Ивана и Ману Торес ќе истражуваат една африканска земја
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019
Оваа година за нас беше малку поинаква од изминатите неколку, вели Ивана Торес и додава дека животот е патување, и зад секоја нова кривина ни носи нови изненадувања.
Ивана и нејзиниот партнер, Ману Торес патуваат по светот и по оваа своја авантура станаа познати во јавноста.
„Некогаш има убави изненадувања, некогаш не онакви какви што посакуваме. По завршувањето на четири годишното патување со мотор околу целиот свет, Ману заболе од рак на бешика. За среќа брзо го откривме проблемот и се оперираше. Оваа година ја посветивме во борба со рак, но во ниту еден момент не го запоставиме она што нѐ прави среќни. Патувањето. И покрај тоа што секои три месеци Ману има терапија и прегледи, секое слободно време го користиме да патуваме, тоа во моментот е и наша најдобра терапија. Изминатите два месеци патувавме со нашето старо-ново комбе VW T3 syncro, од Македонија до Шпанија, поминувајќи низ Балканот и Европа“, вели таа.
Моментално се во Севиља, и по терапијата која мора да ја прими Ману, наредниот месец заминуваат во Мароко. Вели комбето е спремно и тоа за нив е само нов предизвик.
„Овој пат е поудобно патување. Во комбето имаме кревет, кујна и многу повеќе простор за фото опрема и храна, музика и струја. Целата подготовка на комбето беше направена во Скопје. Неколку приватни компании не спонзорираа за монтажа на електрика, интериер и екстериер. Сега е подготвено за нови авантури. Избравме да патуваме низ Мароко, прво затоа што е многу блиску до Севиља, а потоа затоа што е земја со прекрасни места кои може да се посетат. Земја каде за кратко време може да се стигне до море, едни од највисоките планини Атлас, потоа може да се ужива на дините на Сахара и една поразлична култура и традиции. Мароко беше прва земја која ја посетивме на патувањето со моторот, и денеска после 6 години од првата посета посакавме повторно да одиме. Кога патуваме не планираме и немаме многу очекувања, оставаме на случајностите. Така е најубаво и најинтересно. Нема простор за разочарувања“, раскажува Ивана Торес.
На пат околу светот со мотор посетиле вкупно 70 земји и биле на сите континенти.
„И за крај ќе кажам, живејте го животот и правете го она што ве прави среќни, зашто никој пат не знаете што носи животот позади наредната кривина. Патувајте, сакајте се, смејте се и помагајте на други ако можете“, додава Торес.
Таа вели дека со сите овие патувања, зад себе имаат едно уникатно искуство на кое ќе се сеќаваат.
Доколку сакате да видите фотографии и видеа, стории oд целата нивна приказна посетете ја www.aroundgaia.com и Инстаграм www.instagram.com/aroundgaia
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.