По кршењето на македонскиот клуб во Благоевград, Левица бара протестна нота да му се врачи на бугарскиот амбасадор
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 14:54
Левица бара протестна нота за бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. Од партијата наведуваат дека вчера македонскиот клуб во Благоевград е искршен и за тоа македонските власти мора да реагираат. Бараат брза реакција од надлежните.
„Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин - исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид! Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје - Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид. Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија“, велат од Левица.
Додаваат дека Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник.
„За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров. Затоа не сме ниту сме биле исти - во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот!“, наведуваат од партијата.
Инаку, лани кога се отвори клубот „Никола Вапцаров“, бугарските медиуми тврдеа дека тој не е македонски, туку бугарски поет, а сега го демолираа клубот. Клубот лани беше отворен под силно полициско присуство. Дел од македонските политичари беа на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




