ПО НАЈАВЕНИОТ ВОНРЕДЕН КОНГРЕС ЗА СМЕНА НА МИЦКОСКИ: ВМРО ДПМНЕ најави редовен конгрес
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2021 08:54
Откако поранешни но и актуелни членови на најголемата опозициска партија, меѓу кои има и градоначалници, закажаа вонреден конгрес на крајот на март за смена на актуелниот лидер Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ вчера најави редовен конгрес.
Од партијата на Мицкоски е одлучено редовниот конгрес на највисокото партиско тело да се одржи во ноември.
Според најавата за вонредниот конгрес, со потписи на околу 300 делегати ќе се бара смена на Мицкоски кој на чело на ВМРО ДПМНЕ застана во 2017 кога го смени Никола Груевски.
„Ниту времињата се редовни, ниту ситуацијата во која се наоѓа партијата и државата се редовни, така што неминовно се наметнува потребата од вонреден конгрес. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била столб кој ја штител Македонија и интересите на граѓаните кои живеат во земјава“, соопштија од Иницијативниот одбор за вонредниот конгрес.
Од друга страна пак, пратеникот Антонио Милошоски го окарактеризира најавеното вонредно состанување како нестатутарно, без правна основа.
Ќе има вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, oбид за смена на Мицкоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски
Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија
Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка





