По неколку мирни денови нов земјотрес го стресе Скопје
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2016
Послаб земјотрес со магнитуда од 1,9 степени по Рихтер денеска 20 минути по 13 часот е регистриран во главниот град.
После неколку мирни денови отако Скопје беше погодено од серија земјотреси слабо тресење на земјата е забележано во источниот дел на скопското епицентрално подрачје каде што всушност и бил епицентарот кој според Европската макросеизмичка скала бил со интензитет од 3 .
Малкумина го почуствуваа денешниот земјотрес бидејќи не бил толку силен.
Серијата земјотреси што се случија изминатите денови во Скопје отворија многу прашања.
Дали се безбедни објектите, колкава јачина на земјотрес можат да издржат, колку градежниците ги почитуваат законите и внимаваат при градбата кога се во прашање сезимичките стандарди. Од Институтот за земјотресно инжинерство и инжнерска сезимологија (ИЗИИС) дека сите објекти проектирани и градени согласно важечките техничките прописи можат да ги издржат максималните очекуваните сеизмички дејства.Трошокот еден објект да биде сеизмички издржлив е занемарлив во однос на штетата што може да се случи ако објектот не е проектиран и изведен согласно сеизмичките прописи и стандради, вели во интервју за Фактор професор д-р Влатко Шешов, раководител на одделот за Геотехника и Специјални Објекти во ИЗИИС.
Целото интервју прочитајте го овде.
А знаете ли како најлесно да си го осигурате домот од земјотрес?