ПО ОБЕЛОДУВАЊЕТО ДЕКА СТОРИТЕЛ НА УБИСТВОТО Е ПАЛЧО, ВО МВР ПРИСТИГНАЛА УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА: Пријавувачот рекол дека добивал закани од Павлевски
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2023
На завчерашната прес конференција на Министерството за внатрешни работи, на која Министерот Оливер Спасовски соопшти дека во Турција е уапсен Љупчо Павлески-Палчо, Спасовски откри дека по обелодувањето на главниот осомничен во јавноста, во МВР пристигнала пријава од едно лице, кое тврдело дека добивало закани од Палчо.
„МВР ќе постапи по пријавата, ќе испитаме колку тоа обвинување е веродостојно и зошто по толку време лицето пријавува“ рече Спасовски.