17 Декември, 2025
0.0998

По повеќе од година и пол дена, денеска завршува кризната состојба поради Ковид-19

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 13:03

Добивај вести на Viber

По повеќе од година и пол дена, денеска завршува кризната состојба во Македонија, предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19, соопшти Центарот за управување со кризи. Денеска е последен ден од оваа состојба, која Владата ја прогласи на 20 ноември 2020. Првично беше краткорочна, а потоа Собранието на три пати ја продолжуваше по шест месеци.

„Центарот за управување со кризи известува дека рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, завршува денес (30.06.2022 година) на полноќ“, соопшти ЦУК.

Во ноември 2020 оваа кризна состојба за прв пат беше прогласена на ниво на целата територијата на држава, на барање на Советот за безбедност. Претходно, претседателот Стево Пендаровски, од март до јуни 2020 пет пати прогласуваше краткорочни бонредни состојби.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски