ПО ШИРЕЊЕТО НА БРИТАНСКИОТ СОЈ ЗАШТИТА САМО СО МАСКИТЕ FFP2, KN95, N95: Ќе се менуваат ли мерките на заштита и кај нас?
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021
Британскиот сој
на вирусот, кој според научниците има многу побрза трансмисија, дури и за 70
отсто, веќе е детектиран во повеќе од 70 земји во светот, а во некои од земјите
на Европската Унија придонесе властите да препорачаат поинаквни мерки на заштита.
Конкретно, во Германија, во однос на носењето на маските, освен што се задолжителни, мора да се носат од оние специјализирани FFP2, KN95 или N95, кои имаат многу повисоко ниво на заштита. Некои од македонските граѓани кои живеат во оваа најсилна европска држава, за Фактор велат дека ваквите маски станале задолжителни од почетокот на годинава, односно веднаш откако е регистриран новиот сој на вирусот, т.н. британски, кој во Велика Британија се појави месец-два пред крајот на 2020 година.
-Тука во Саксонија мора исклучиво да носиме специјализирани маски. Тоа се оние кои се купуваат само во аптеките, односно FFP2, KN95 или N95. Властите сметаат дека даваат поголема заштита особено од новиот британски сој. Проблемот е што сега според новите протоиколи ваквите маски брзо се трошат, па нема во секое време да се купат, а без нив, лицата кои ги обезбедуваат маркетите и другите иснституции, на пример, банките, поштите, не пуштаат никого без таква специјализирана маска. И да имате каква било друга маска, платнена, оние дизајнираните, да ставите бандана, или шал, едноствано сметаат дека немате сооодветна заштита и не ве пуштаат, вели една македонска државјанка која веќе четири години живее во германската покраина Саксонија.
Во Македонија во средината на јануари е откриен првиот случај на британскиот сој на вирусот кај пациент кој ги направил сите испитувања во „Жан Митрев Клиник“, и кој од 22 јануари се смета за излеќен пациент. За жал во земјава има и еден починат на возраст од 46 години од Охрид, министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста, нагласувајќи дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезитас, односно прекумерна тежина.
Д-р. Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при „Жан Митрев Клиник“, минатата недела даде подетални објаснувања за британскиот сој на корона вирусот.
-Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.
-Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви.
-Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.
-Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.
Засега во Македонија остануваат на сила истите препораки, маските се задолжителни секаде и на отворено, но се уште нема препорака за носење специјализирани маски.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.