Добивај вести на Viber
Најпознатиот пребарувач во светот Google реши дека не треба да заостане зад својата конкуреција и одлучи да го освежи своето лого.
Деновиве, веб сајтот Ars Technica објави дека со новата верзија на апликацијата Chrome Beta за Android, Google го претставиле и новото, редизајнирано лого. Разликата меѓу старото и новото лого на пребарувачот не е голема. Едиственото што може да се забележи е осветлувањето на некои бои со цел да се добие забележлив ефект.
Редизајнот на логото на Google не е претставува изненадувачки потег, особено поради фактот дека скоро сите технолошки компании се стремат кон почист, две-димензионален естетски дизајн. (Таков пример имаме со буквата ‘g’ кај иконките на Google+ и Google Search).